Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување до јавноста

Општина Кичево ги повикува сите физички лица кои издаваат куќи, станови, соби или апартмани за ноќевање, согласно Законот за угостителска дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/04 … 16/25), да поднесат барање за упис во Регистарот за угостителска дејност.

По добивањето Решение од страна на Градоначалникот на Општина Кичево, потребно е да се поднесе и барање за категоризација на објектот за сместување.

За таа цел е формирана надлежна комисија која ќе изврши увид на лице место, по што, согласно изготвениот извештај, Градоначалникот донесува Решение за извршена категоризација на објектот за сместување.

Ги известуваме сите физички лица дека, доколку бидат затекнати како вршат дејност на издавање објекти за ноќевање без претходно обезбедени соодветни решенија, ќе бидат санкционирани согласно важечките закони и прописи.

За сите дополнителни информации, заинтересираните граѓани можат да се обратат во просториите на Општина Кичево, канцеларија бр. 27 – Инспекторат.

Back to top