Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Детска радост и насмевки во Општина Кичево

Денес, просториите на Општината беа исполнети со детска радост, искрени насмевки и прекрасна енергија, благодарение на посетата на дечињата од градинката „Олга Мицеска“ , кои беа срдечно пречекани од градоначалникот.

Овие мали посетители се нашата најубава надеж и најсигурна иднина – меѓу нив се идните инженери, лекари, наставници, пратеници и луѓе кои утре ќе го градат нашето општество.

Токму затоа, секоја детска насмевка е потсетник дека треба да вложуваме во нивното детство, воспитување и образование, затоа што во нив лежи иднината на Кичево.

Им благодариме на дечињата и на вработените од „Олга Мицеска“ за оваа прекрасна посета и за топлината што ја донесоа во Општината.

Back to top