Денес, во Домот на културата во Кичево, се одржа детскиот фестивал „СИ-ДО“
Денес, во Домот на културата во Кичево, се одржа детскиот фестивал „СИ-ДО“, настан исполнет со музика, детска радост, позитивна енергија и прекрасни настапи
На сцената блеснаа талентираните дечиња, кои со своите песни, насмевки и искрени емоции ја разубавија атмосферата и уште еднаш покажаа дека детската креативност е најубавиот украс на секоја заедница.
Ваквите настани имаат особено значење, бидејќи го поттикнуваат детскиот талент, љубовта кон музиката и сценскиот настап, а воедно создаваат убави спомени за најмладите.
Честитки до сите учесници, организатори и поддржувачи на фестивалот „СИ-ДО“.
Нека детската песна продолжи да одекнува и да носи радост во нашиот град!