Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

По повод денот на загинувањето на македонскиот револуционер Христо Узунов, претставници на Општина Кичево положија свежо цвеќе пред неговиот споменик во селото Цер, оддавајќи почит кон неговиот лик, дело и саможртва

Христо Узунов е едно од светлите имиња во македонската револуционерна историја, симбол на храброст, непокор, достоинство и безрезервна љубов кон татковината.

Неговата борба за слободна и независна Македонија, како и неговата пожртвуваност, остануваат трајна инспирација за сите генерации, потсетувајќи нè дека слободата, честа и идеалите се вредности кои се чуваат со почит, единство и одговорност.

Вечна му слава!

Back to top