Известување до јавноста
Општина Кичево, преку надлежните служби, деноноќно работи на уредување и чистење на речното корито, со цел превенција и спречување на нови поплави по неодамнешните обилни врнежи.
Активностите опфаќаат:
- расчистување на нанос, кал и отпад
- зацврстување и обликување на коритото
- подобрување на протокот на водата
Ги информираме граѓаните дека оние кои имаат можност можат да се вратат во своите домови и да започнат со расчистување, бидејќи од понеделник ќе започне теренска работа на комисијата за проценка на штетите.
Општина Кичево ќе продолжи со засилен ангажман и континуирано ја следи состојбата на терен.