Известување до јавноста
Денес, околу 10:15 часот, на локалитетот „Под Крушино“, екипите на Инспекторатот на Општина Кичево, во координација со НККР при МВР – ОВР Кичево, извршија затворање на градилиште поради изведување градежни работи спротивно на издаденото одобрение за градење.
Неправилностите се утврдени кај лице Ф.С. (34) од Кичево, за што ќе бидат преземени соодветни мерки и законски санкции, согласно важечките законски одредби.
Општина Кичево продолжува со засилен инспекциски надзор со цел почитување на законите и заштита на јавниот интерес.