Ќе се проширува и целосно ќе се санира главниот пат што ги поврзува двете села Горно Строгимиште и Долно Строгомиште
По барање на жителите ќе се проширува и целосно ќе се санира главниот пат што ги поврзува двете села Горно Строгимиште и Долно Строгомиште.
Проширувањето на главниот влез од главниот автопат до влезот на двете села ќе им овозможи на жителите од овој крај да се движат и да минуваат двонасочно.
Оваа инвестиција што ја направи општина Кичево е заедничко барање на жителите од овој крај за да има олеснување и подобар проток на сообраќај за полесно движење.