Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна презентација за нацрт СОЖС за нацрт Национална стратегија за управување со тиња

Ве информираме дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. 

Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во прилог на оваа порака во текот на периодот за јавен увид (24.02.2024 – 24.03.2025).

Во текот на перидот за јавен увид, предвидени се 6 јавни презентации и расправи, и тоа:

  • Скопје, 10.03.2025, во 10.00 – 12.00 часот, во Клубот на пратеници.
  • Струмица, 11.03.2025, во 10.00 – 12.00 часот, во салата на советот на општината,
  • Кочани, 11.03.2025, во 14.00 – 16.00 часот, во мултикултурниот центар,
  • Охрид, 12.03.2025, во 12.00 – 14.00, во општинската сала,
  • Прилеп, 13.03.2025, во 12.00 – 14.00, во општинската сала,
  • Кичево, 17.03.2025, во 11.00 – 13.00 во општинската сала.

Ве покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации.

Сите коментари може да се достават на следниот начин:

  • електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk
  • по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад). 

Ви благодариме за Вашиот интерес и соработка.

Back to top