Генералка викенд
Овој викенд во Општина Кичево се одржа акција за чистење на градот во рамки на „Генералка викенд“. Вработените во општината се приклучија на активностите за уредување и чистење на јавните површини.
Со заеднички напор беа исчистени улици, паркови и зелени површини, а собраниот отпад беше соодветно отстранет. Акцијата имаше за цел да ја подигне свеста за значењето на чистата животна средина и да поттикне поголема одговорност кај сите жители.