Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски на меѓународни настани во Хаг и Делфт, Холандија

Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски овие денови учествува на престижни меѓународни настани во Хаг и Делфт, Холандија, посветени на локалните политики, меѓуинституционалната соработка и современите пристапи за одржлив развој на локалните заедници.

Во фокусот на дискусиите e градењето мултикултурни и мултиконфесионални општества, јакнењето на меѓусебната доверба, социјалната кохезија и превенцијата од конфликти преку активно партнерство меѓу институциите и граѓаните.

Учество на вакви меѓународни форуми и размена на искуства и добри практики претставуваат значајна можност за унапредување на локалното управување, подобрување на услугите за граѓаните и усогласување со современите европски стандарди и политики.

Општина Кичево останува посветена на создавање модерна, инклузивна и развиена локална самоуправа, која работи во интерес на сите граѓани.

Back to top