Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денес во посета на Општина Кичево беше Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски

Денес во посета на Општина Кичево беше Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, заедно со пратениците г-дин Ѓорѓија Сајкоски, Министерот за социјална политика, демографија и млади г-дин Фатмир Лимани, заменик Министерот за јавна администрација г-дин Лазе Јаќимоски и заменик Министерката за животна средина г-ѓа Ане Лашкоска.

Заедно извршивме увид во целосно санираната спортска сала „Јанчица“, која беше една од најпогодените инфраструктурни објекти по поплавите што го зафатија нашиот регион. Денес, оваа сала повторно е подготвена за користење и ставена во функција на младите, спортските клубови и сите граѓани.

Воедно, беа посетени и повеќе инфраструктурни зафати низ градот, меѓу кои и реконструираната улица „Маршал Тито“, како една од најзначајните сообраќајни артерии во Кичево, која доби нов асфалт и подобрени услови за безбедно и непречено движење.

Продолжуваме посветено да работиме на модернизација и развој на Кичево, преку реализација на проекти што значат подобар живот за сите граѓани.

Благодарност до Владата за поддршката и соработката во реализацијата на проектите од значење за нашиот град.

Back to top