Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик

Врз основа на член 29 став 1 од Законот за даноците на имот („Сл. весник на
РМ“ бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15, 23/16,96/2019 и 151/21) , Општина  Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година . Даночната пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година (образец ДИ) поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице) и тоа за:
1. Имотот што го стекнал или почнал да го користи во текот на 2021 година, а за кој нема поднесено даночна пријава (нов даночен обврзник, дополнително стекнат имот кој подлежи на оданочување и сл.)
2. Имотот кај кој настанала промена во сопственоста (отуѓување и сл.).
3. Имотот кај кој настанала промена во вредноста (доградба, надградба, довршување, проширување и сл.).
Даночна пријава се поднесува до Општината Кичево – Сектор за даноци и такси на чие подрачје се наоѓа имотот најдоцна до 31 јануари 2022 година.
Даночните обрврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определените рокови по овoj JАВЕН ПОВИК, ќе се казнат со парична казна за сторените прекршоци согласно Законот за даноците на имот.

Општина Кичево
Сектор за даноци и такси

Back to top