Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Грантови за самовработување

Шеста година по ред, во рамки на програмата за локален економски развој во која е предвиден буџет за поддршка на претприемништвото и започнување на нови бизниси кои ќе придонесат за намалување на невработеноста во нашиот град и создавање на конкурентна економија во приватниот бизнис сектор, градоначалникот на Општина Кичево, г-н Фатмир Дехари, потпиша 15 договори за грантови од мерка 1 во вредност од 240.000 денари, за ссамовработување и започнување на нови бизниси, како и вкупно 15 договори од мерка 2, за субвенционирано вработување на нови работни места, за кои Општина Кичево ќе ги плаќа придонесите во текот на една календарска година, со услов истите да бидат задржани и една година дополнително.

На сите добитници на грантови и на оние кои ги исполнија условите за овие мерки предвидени за развој на локалниот бизнис, ние како Општина ви посакуваме успех и ефективна работа во иднина.

Back to top