Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна проектот за реконструкција на објектот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево

Општина Кичево официјално го започна проектот за реконструкција на објектот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кичево.

Со оваа реконструкција се инвестира во подобрување на условите за работа на припадниците на ТППЕ Кичево, кои со години ја извршуваа својата работа во несоодветни и недостоинствени услови, и покрај нивната клучна улога во заштитата на животите и имотот на граѓаните.

Проектот се реализира со следните параметри:

Инвеститор: Општина Кичево
Изведувач: Еуроинвест Медиу
Надзор: Инвестинг Радовиш
Вредност на договорот: 27.435.173,13 денари

Оваа активност претставува дел од пошироките заложби на Општина Кичево за решавање на долгогодишно запоставени инфраструктурни прашања и унапредување на јавните служби.

Општина Кичево останува посветена на одговорно и транспарентно работење, со јасна визија за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.

Back to top