Општина Кичево информира дека екипите на ЈКП „Комуналец“, заедно со ангажираната механизација, се постојано на терен и активно работат на чистење на снегот и обезбедување проодност на патиштата на целата територија на општината – во градот и во сите населени места
Приоритет се главните сообраќајници, пристапите до здравствени и јавни установи, училиштата и критичните точки
Интервенции се вршат континуирано, согласно условите и интензитетот на врнежите
Состојбата се следи и се постапува по пријави и потреби на терен
Апел до граѓаните:
- да возат внимателно и да ја прилагодат брзината
- да не паркираат на коловоз и да овозможат непречено движење на механизацијата
- да внимаваат при движење по тротоари и стрмни делови
Општина Кичево ќе продолжи со засилени активности сè до целосна стабилизација на состојбата.