Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се грижиме за социјално ранливите категории!

Согледувајќи ја состојбата и тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните со поскапувањето на струјата, општина Кичево презеде иницијатива да им помогне на граѓаните од оваа загрозена категорија.

Во соработка со Амбасадата на Германија, Општина Кичево, врз основа на јавниот оглас, успешно го реализираше проектот во рамките на програмата наменета за социјални случаи.

Во овој контекст, Општина Кичево додели 300.000 денари, при што им излезе на помош на 30 семејства, со плаќање на сите неплатени сметки кои останале од претходните месеци на компанијата ЕВН и на општинското претпријатие Комуналец-Кичево.

Ваквите социјални програми за поддршка на нашите граѓани ќе продолжат и во иднина!

Back to top