Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен оглас за ангажирање на еден консултант/ка и максимум шест тутори за поддршка на ученици роми во Oпштина Kичево

Општина Кичево објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2ро, 3то и 4то одделение во основно образование во Општина Кичево. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„ 

Краток опис на акцијата

Оваа акција има за цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со разни предизвици од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми.

Тутори

Во рамките на акцијата ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на минимум 30 ученици Роми во учебната 2022/2023 година (март-мај) и 2023/2024 година (септември-декември). Дополнителната поддршка ќе биде обезбедена за децата Роми вклучени во 2ро, 3то и 4то одделение кои покажуваат слаби образовни резултати како последица од наставата во далечина за време на пандемијата. Дополнителна образовна/туторска поддршка ќе се обезбеди по предметите Македонски јазик, Математика и Англиски јазик.

Во рамките на оваа активност во период од  7 (седум) месеци ќе бидат ангажирани максимум 6 (шест) тутори кои што два пати неделно по еден час (60 минути) ќе работат со овие деца, заради оспособување и стекнување на основни вештини кои се неопходни во процесот на редовното образование.

Консултант/ка

Консултантот ќе има обврска:

  • Да ги развие прашањата за пред-тестирање на децата и да ги идентификува проблематичните делови од редовниот материјал по трите предмети по кој ќе бидат учениците туторирани 
  • Да го развие форматот за месечно известување на туторите кон општината и да ги анализира истите
  • Да ги развие прашањата за тестирање на туторираните ученици по завршување на акцијата со цел да се измерат постигнатите резултати од дополнителна образовна/туторска подршка и да подготви Анализа на постигнатите резултатите (извештај)
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ТУТОРИ

Право да се пријават за тутори имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Дипломирани наставници по одделенска настава (прво до петто одделение) кои се невработени
  2. Да се студенти во четврта година на студирање, апсолвенти или дипломирани на педагошки факултет- одделенска настава
  3. Дипломирани или во четврта година на студирање, апсолвенти на Филолошки факултет-Англиски јазик
  4. Дипломирани наставници по одделенска настава (прво до петто одделение) или наставници по англиски јазик кои се веќе вработени во основно училиште[1]
  5. Да се државјани на Република Северна Македонија
КАНДИТАТИТЕ ЗА ТУТОРИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
  1. Одлична писмена и усна комуникација
  2. Силна мотивација за работа со деца од маргинализирани заедници
  3. Познавање на состојбите со ромската заедница
  4. Вештини за работа со деца
  5. Познавање на ромски јазик ќе се смета за предност
  6. Приложување на сертификат за туторски обуки ќе се смета за предност
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ТУТОРИ:
  1. Пријава за тутори (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик)
  2. Кратка биографија (CV)
  3. Уверение за положени испити за кандидатите студенти
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата (доколку има референтни писма, доколку поседува искуство за слична работа во други проекти, сертификати и сл.)
  5. Копија од Уверение за државјанство
  6. Копија од диплома за завршено високо образование
  7. Копија од договор/решение за вработување како наставник
КРИТЕРИУМИ И УСЛОВИ ЗА ИЗБОР НА КОНСУЛТАНТ/КА
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија
  2. Да има завршено високо образование
  3. Да има искуство за работа за ангажманот кој се бара
  4. Одлична писмена и усна комуникација
  5. Познавање на состојбите во образование со ромската заедница
  6. Познавање на ромски јазик ќе се смета за предност
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА КОНСУЛТАНТ/КА:
  1. Кратка биографија (CV)
  2. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата (доколку има референтни писма, доколку поседува искуство за слична работа во други проекти, сертификати и сл.)
  3. Копија од Уверение за државјанство
  4. Копија од диплома за завршено високо образование

Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават на три начини:

  • во архивата на општината во затворен коверт со долунаведената назнака
  • препорачанопо пошта на следната адреса: ул. Борис Кидрич бр.1 во затворен коверт со долунаведената назнака

Крајниот рок за доставување на пријави за тутори и консултант/ка е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 24.02.2023 со назнака: „ АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА  1 (еден) КОНСУЛТАНТ/КА И МАКСИМУМ 6 (шест) ТУТОРИ ЗА ПОДДРШКА НА УЧЕНИЦИ РОМИ ВО ОПШТИНА КИЧЕВО„  – РОМАКТЕД ПРОГРАМА

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

Сите дополнителни прашања и информации можете да ги добиете во архивата на Општина Кичево секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

[1] Веќе вработените наставници нема да може да туторираат ученици на кои истовремено им одржуваат редовна настава.

Back to top