Спортот во фокусот на Општина Кичево
Во организација на градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, и Олимпискиот комитет, во Кичево се одржа еднодневна обука за спортска администрација и развој на локалниот спорт.
На обуката се отворија значајни теми поврзани со олимписките програми, унапредувањето на спортската администрација, развојот на локалниот спорт, како и со предизвиците со кои се соочуваат спортските работници и клубови на локално ниво.
На настанот присуствуваше и претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кој оствари и работна средба со градоначалникот д-р Александар Јовановски. На состанокот се разговараше за истите теми, со посебен акцент на можностите за унапредување на спортот во Општина Кичево, поддршката на младите таленти и создавањето подобри услови за спортски развој.
На обуката учествуваа професори по физичко образование од сите училишта во Општина Кичево, како и тренери од фудбалски, ракометни, кошаркарски, карате и други спортски клубови, кои преку своето активно учество дадоа значаен придонес во размената на идеи и искуства.