Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продуктивна средба со директорите на училиштата во Општина Кичево

Денес градоначалникот оствари продуктивна работна средба со директорите на основните и средните училишта на територија на Општина Кичево, на која беа разгледани тековните предизвици и приоритети во образованието, како и мерките за подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.

Добра вест за греењето: Наскоро ќе биде надминат проблемот со системот за греење во училиштата „Дрита“ и „Мирко Милески“, при што греењето ќе биде префрлено на електрична енергија наместо нафта.

Со оваа промена ќе се постигне:

  • постабилно и поефикасно греење
  • значително намалување на загадувањето
  • подобри услови за работа и учење

Back to top