Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Мобилна бања обезбедена за погодените од поплавите со поддршка од АРМ

Во услови на кризна состојба, солидарноста и брзата поддршка се од клучно значење

Со цел обезбедување подобри и подостоинствени услови за лицата погодени од поплавите кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, градоначалникот во координација и соработка со Генерал Штабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“ овозможи мобилнa бањa за туширање, и тоа: две цистерни, мобилна бања со пресоблекувална, техничко возило опремено со бојлери (за обезбедување топла вода).

Општина кичево упатува искрена благодарност до ГШ на АРМ за брзата реакција и несебичната помош, која значително придонесува за полесно надминување на последиците од поплавите.

Back to top