Координирани активности за помош во населба Карпош
Денес градоначалникот беше на местото на интервенциите во населба Карпош, каде екипите на ТППЕ интензивно постапуваа по пријавите за поплавени домови. Заедно со градоначалникот беа и директорот на ЈКП „Комуналец“ – Кичево, Бојан Стојкоски, како и командирот на ТППЕ Филип Митрески, при што на лице место се следеше состојбата, се координираа активностите и се даваа насоки за најбрза и најефикасна помош на погодените семејства.
Во рамки на меѓуопштинската соработка и солидарност, на помош пристигнаа и пожарникари од Кавадарци, кои се вклучија во активностите на терен.
По насока на градоначалникот Митко Јанчев, од Кавадарци беа испратени 6 пожарникари, 2 возила, 6 пумпи и дополнителна опрема за поддршка на интервенциите.
Општина Кичево упатува искрена благодарност до градоначалникот на Општина Кавадарци и до екипите за брзата реакција и несебичната помош, како и до сите служби кои се ангажирани во справувањето со состојбата.
Апелираме до граѓаните за внимателност и смиреност, а за секоја итна потреба да пријавуваат преку надлежните служби.
Воедно, Општина Кичево останува во постојана координација со надлежните институции и службите на терен, со цел ситуацијата да се стабилизира што е можно побрзо и да се обезбеди навремена поддршка за граѓаните.