Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот во посета на привремено сместените лица, обиколка на поплавените подрачја и средби со оштетените граѓани

Во текот на денешниот ден градоначалникот Д-р Александар Јовановски ја посети спортската сала во населба Иванидол, каде привремено се сместени лица погодени од поплавите. Во рамки на посетата, градоначалникот оствари разговори со присутните граѓани, се запозна со нивните најитни потреби и ја следеше организацијата на условите за престој, со цел обезбедување навремена и соодветна поддршка.

По посетата на спортската сала, градоначалникот изврши обиколка и на други локации зафатени од поплавите, каде лично ја согледа состојбата и оствари средби со оштетените граѓани. Притоа беа разгледани приоритетите за интервенција, потребите за дополнителна механизација и опрема, како и мерките што се преземаат за санација и нормализирање на состојбата.

Во текот на денешните активности, градоначалникот даде интервјуа за повеќе медиуми, при што ја информираше јавноста за актуелната состојба, преземените мерки и понатамошните чекори на Општина Кичево и надлежните служби за справување со последиците од поплавите.

Општина Кичево останува целосно мобилизирана и во постојана координација со надлежните институции и службите на терен, со фокус на:

  • обезбедување соодветно згрижување и основни услови за привремено сместените лица,
  • брза проценка и евиденција на штетите,
  • расчистување и санација на критичните точки,
  • навремена логистичка и оперативна поддршка за најпогодените подрачја.

Апелираме до граѓаните за смиреност и внимателност, како и за соработка со надлежните служби. За секоја итна потреба, пријавувањето да се врши преку надлежните институции.

Општина Кичево ќе продолжи редовно да ја информира јавноста за преземените активности и мерките за надминување на состојбата.

Back to top