Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавна дебата за предлог Буџетот за 2023 година

Градоначалникот Фатмир Дехари денеска во соработка со месните заедници, невладините организации и пред медиумите во конструктивна и транспарентна дебата, ја открија стратегијата и предлогот за Буџетот на општината за 2023 година.

Градоначалникот Фатмир Дехари, на почетокот на средбата ги елаборираше реализираните проекти за 2022 година, каде потоа го откри основниот буџет за 2023 година и веќе обезбедените проекти кои се очекува да се реализираат во 2023 година!

На крајот од средбата тој на присутните граѓани на оваа средба им даде право да поднесат барања и да го оценат досегашното работење, со цел нивните идеи, барања и очекувања да се вградат во Буџетот за 2023 година, кој се очекува да биде донесен на следната седница на советот на општината за да биде одобрен.

Back to top