Ромактед програма – фаза II
1. Во рамките на акцијата 1- Инфраструктурен проект се спроведуваат:
- Уредувањето на два крака со бехатон плочки во должина од 175м. и широчина од 2,5м. во населбата Влашки Пат-населба со мнозинство од ромската популација.
2. Во рамките на акцијата 2- Пост-КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни се спроведуваат:
- Туторски активности за 68 ученици Роми од II, III и IV одделение во основните училишта на општина Кичево
- Обезбедување материјали за ученици кои следат туторска настава, доделени 68 комплети на учениците
- Спроведување на бесплатни превентивни прегледи на Роми со тешка социјална состојба. Реализирани се 176 бесплатни прегледи на 3 локации каде живее ромско население. Овие прегледи вклучуваа мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и ЕКГ.