Новоизбраниот советнички состав во општина Кичево ја одржа конститутивната седница
Новоизбраниот советнички состав во општина Кичево ја одржа конститутивната седница на која првично беше формирана Комисијата за верификација на мандатите, Комисијата за мандатни прашања и беше избран претседател на Советот на општина Кичево.
Скендер Џабири од редовите на советниците на ДУИ ќе претседава со Советот на општината во следниот четиригодишен мандат. Тој за прв пат е член на Советот на општина Кичево и најави транспарентно работење на новиот состав на советници, посветувајќи се на потребите и барањата на граѓаните за донесување одржливи одлуки од витален и развоен интерес.
Среќно и успеси!