Во текот на оваа недела и денеска во повеќе села е извршено асфалтирање и изградба на патишта
Инвестициите во патната инфраструктура се приоритет во нашата општина.
Заврши асфалтирањето во село Колари
Исто така денеска се изврши асфалтирање на патот во село Србица, долгогодишно барање на граѓаните од овој крај.
Започнаа работите за изградба на патот со бекатонки во с. Мамудовци
Изградбата и асфалтирањето на патишта и сокаци низ селата на општина Кичево се предвидени во промовираниот општински буџет за 2023 година.