Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Велигденски хепенинг во Кичево

Под покровителство на градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, а во организација на Клуб Институт, со големо задоволство ги покануваме сите граѓани да бидат дел од Велигденскиот хепенинг, настан исполнет со празнична атмосфера, дружење, радост и забава за сите генерации.

Овој убав велигденски собир е наменет за децата, младите и возрасните, со цел заеднички да ги одбележиме празничните денови во духот на традицијата, заедништвото и позитивната енергија.

Место: Дом на културата – кај задниот влез од Клуб Институт
Термин: Сабота и недела, 11 и 12 април
Време: од 14:00 до 21:00 часот

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во пријатна празнична атмосфера, добра музика, дружење и содржини кои ќе придонесат за убаво расположение и незаборавни моменти за сите присутни.

Ги покануваме сите граѓани на Општина Кичево да дојдат заедно со своите семејства и пријатели и да бидат дел од ова велигденско дружење.

Ве очекуваме!

Back to top