Соопштение / Анализа од Центарот за управување со кризи за состојбата со снежните врнежи (Општина Кичево)
Во врска со снежните врнежи, состојбата на подрачјето на Општина Кичево е следна:
Врнежите од снег се со намален интензитет. Екипите и механизацијата се континуирано на терен и се работи согласно приоритетите за обезбедување проодност.
Град Кичево – Исчистени се главните улици. Во тек е расчистување на споредните улици, но работата е отежната поради паркирани возила. Активностите продолжуваат кон градските населби и селата, согласно приоритет.
Осломејски регион – Ангажирани се 7 машини за расчистување. Досега се исчистени сите патни правци до населените места во овој регион. Механизацијата е се уште на терен, поради повремени/континуирани врнежи.
Зајашки регион – Ангажирани се 6 машини, кои се постојано на терен. Досега се исчистени сите патни правци до сите населени места во регионот. Со 1 дополнителна машина се расчистува патниот правец кон с. Кнежино.
Јужен регион – (поранешни општини Вранештица и Другово) Исчистени се патиштата кон: Челопеци, Светорача, Рбетино, Дупјани, Атишта, Вранештица, Староец, Карбуница, Србјани, Другово, Пополжани, Манастир „Св. Пречиста“, Извор, Лавчани. Во моментов: Машини се движат кон Козичино, Крушица и Патеец 1 машина работи кон Ехлоец, Иванчишта и Душегубица За регионот се ангажирани 8 машини.
Апел до граѓаните
Ве молиме да не се паркира на коловоз и да се овозможи непречено движење на механизацијата за побрзо расчистување. Општина Кичево ќе продолжи со теренски активности и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој на состојбата.