Нови камиони за поефикасно собирање отпад
Со посветените заложби на градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, обезбеден е дел од потребните средства за ЈКП „Комуналец“ – Кичево за набавка на 2 нови камиони за собирање на комунален отпад.
Оваа инвестиција претставува конкретен резултат од континуираната работа на локалната самоуправа за унапредување на комуналните услуги и подобрување на секојдневните услови за граѓаните. Новите камиони ќе бидат ставени во функција со цел поефикасно и побрзо подигање на отпадот, подобра организација на терен и поголема покриеност на сите населби во градот и околината.
Општина Кичево и ЈКП „Комуналец“ продолжуваат со конкретни мерки и инвестиции во модернизација на опремата и јакнење на капацитетите, со јасна цел: Кичево да биде чист и уреден град, достоен за живеење.