Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Мал шампион со големо срце

Градоначалникот Д-р Александар Јовановски денес оствари средба со младиот и талентиран кикбоксер Михаил Бошковски, на која му додели и плакета како признание за неговиот извонреден спортски успех.

Михаил, иако има само 9 години, веќе гордо го носи епитетот првак во Кик Бокс. Тој потекнува од Кичево и е член на Кик Бокс клубот Kickboxing – Muay Thai Club ,,TITAN PRO” Skopje.

На националното Кик Бокс првенство, одржано на 01.03.2026 година во СРЦ „Јане Сандански“ – Скопје, Михаил освои златен медал и покажа извонредна борбеност, дисциплина и талент.

Со апсолутно водство ја заврши борбата во категоријата до 33 кг (деца), во дисциплината Кик Лајт, потврдувајќи дека пред него стои светла спортска иднина.

Општина Кичево е горда на своите млади шампиони, кои со труд, посветеност и љубов кон спортот се вистински пример за сите генерации.

Му посакуваме на Михаил уште многу победи, медали и успеси во иднина!
Кичево има со што да се гордее!

Back to top