Известување / повик до сите урбани и месни заедници
Општина Кичево ги повикува сите урбани и месни заедници, како и нивните претседатели и претставници, да достават информации за дефекти во јавното осветлување на своето подрачје.
Ве замолуваме при пријавувањето да наведете:
- точна локација на дефектот
- за каков вид на дефект станува збор
- од кога е настанат дефектот
- колку време истиот не е саниран / нетретиран
Овие информации се потребни со цел Општина Кичево навремено да изврши увид, евиденција и да преземе соодветни активности за отстранување на дефектите и подобрување на јавното осветлување на територијата на општината.
Пријавите треба да бидат доставени писмено во Општина Кичево.
Лице за контакт во Општина Кичево: Тино Алексов
Ве повикуваме на навремена соработка, со цел побрзо и поефикасно решавање на проблемите во интерес на сите граѓани.
Општина Кичево