Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување / повик до сите урбани и месни заедници

Општина Кичево ги повикува сите урбани и месни заедници, како и нивните претседатели и претставници, да достават информации за дефекти во јавното осветлување на своето подрачје.

Ве замолуваме при пријавувањето да наведете:

  • точна локација на дефектот
  • за каков вид на дефект станува збор
  • од кога е настанат дефектот
  • колку време истиот не е саниран / нетретиран

Овие информации се потребни со цел Општина Кичево навремено да изврши увид, евиденција и да преземе соодветни активности за отстранување на дефектите и подобрување на јавното осветлување на територијата на општината.

Пријавите треба да бидат доставени писмено во Општина Кичево.
Лице за контакт во Општина Кичево: Тино Алексов

Ве повикуваме на навремена соработка, со цел побрзо и поефикасно решавање на проблемите во интерес на сите граѓани.
Општина Кичево

Back to top