Изградба на пешачка патека во населба Иванидол
Почитувани, врз денешниот работен ден посебен акцент ставам на еден многу значаен инфраструктурен проект за Општина Кичево и моите сограѓани, жителите на населба „Иванидол“, а тоа е изградба на долгоочекуваната пешачка патека.
Пешачката патека ќе се простира во должина од 560 метри, со ширина од 1,5 метар, со соодветно уредена банкина. Овој проект претставува конкретен одговор на долгогодишното барање на жителите од оваа населба за побезбедно движење. Со оваа пешачка патека ќе се зголеми и безбедноста при движење.
Посебно внимание се посветува на критичните точки долж трасата, каде што ќе се изврши бетонирање на одводните канали за атмосферска вода, со цел да се спречат оштетувања и да се обезбеди долгорочна стабилност и функционалност на патеката.
Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата, на создавање подобри услови за живот и на реализација на нови проекти кои допрва доаѓаат, населба „Иванидол“ е само почеток. Нашата визија е јасна, модерно, безбедно, чисто и развиено Кичево на сите граѓани.