8 април – Меѓународен ден на Ромите
По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, пред зградата на Општина Кичево денес свечено беше поставено ромското знаме, како симбол на почит, еднаквост и достоинство.
Во чест на овој значаен ден беа интонирани македонската и ромската химна, а ромското знаме ќе се вее рамноправно со другите знамиња, испраќајќи јасна порака дека сите граѓани се важен и нераскинлив дел од нашата заедница.
Градоначалникот истакна дека Општина Кичево останува посветена на унапредување на интеграцијата на ромската заедница во институциите, преку обезбедување еднакви можности за напредок, активно учество и полноправен придонес во општествениот живот. Воедно, општината ќе презема конкретни заложби за подобрување на образованието на ромската заедница, имајќи предвид дека токму образованието претставува темел за личен развој, социјална вклученост и општествен напредок.
Ромската заедница е препознатлива по својата богата традиција, култура, дух, талент и истрајност. Таа е важен дел од нашето заедничко живеење и вистинско богатство за Кичево. Со заемна почит, поддршка и отвореност, продолжуваме да градиме општина во која различностите се вреднуваат, а соживотот се негува.
Нека е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!