Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен оглас за ангажирање на 2 (двајца) обучувачи за спроведување на активноста “Обука за 120 млади роми за зајакнување на нивните вештини за активно барање работа”

Општина Кичево објавува јавен оглас за ангажирање на 2 обучувачи за спроведување на активноста Обука за 120 млади Роми за зајакнување на нивните вештини за активно барање работа(пишување на CV,  подготовка за интервју, пишување на мотивациони писма итн.)  со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво„.

Краток опис на акцијата

Оваа акција има за цел да го унапреди квалитетот на знаењата на ромското население, претежно млади роми кои сакат да стапат на пазарот на труд,  со зајакнување на нивните капацитети за полесно и поконкурентно да пристапат кон аплицирање и ангажирање во одредено работно место.

Во рамките на оваа активност ќе бидат ангажирани максимум 2 (два) обучувачи кои што два пати по еден час со група од макс. 30 лица ќе работат со овие лица, заради оспособување и стекнување на основни вештини кои се неопходни во процесот на активно барање на работа.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧ

Право да се пријават за обучувачи имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија
  2. Да има завршено високо образование
  3. Да има искуство за работа за ангажманот кој се бара
  4. Одлична писмена и усна комуникација
  5. Познавање на состојбите во образование со ромската заедница
  6. Познавање на ромски јазик ќе се смета за предност
  7. Предност ќе имаат кандидатите кои се невработени

КАНДИТАТИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  1. Одлична писмена и усна комуникација
  2. Силна мотивација за работа со млади од маргинализирани заедници
  3. Познавање на состојбите со ромската заедница
  4. Познавање на ромски јазик ќе се смета за предност
  5. Приложување на сертификат за реализирани обуки во ова област ќе се смета за предност

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ОБУЧУВАЧИ:

  1. Пријава за обучувач (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик);
  2. Кратка биографија (CV)
  3. Уверение за положени испити за кандидатите студенти
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата (доколку има референтни писма, доколку поседува искуство за слична работа во други проекти, сертификати и сл.)
  5. Копија од Уверение за државјанство
  6. Копија од диплома за завршено високо образование
  7. Ако лицето е невработено да достави и потврда од АВРСМ.

Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават на следните начини:

  1. во архивата на општината во затворен коверт со долунаведената назнака
  2. препорачанопо пошта на следната адреса: ул. Борис Кидрич бр.2 во затворен коверт со долунаведената назнака

Крајниот рок за доставување на пријави за обучувачи е пет дена од денот на објавување на огласот на веб страната на општината, односно најдоцна до 22.07.2024 со назнака: „ АПЛИКАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 2 (два) ОБУЧУВАЧИ ЗА ОБУЧУВАЊЕ НА 120 МЛАДИ РОМИ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ВЕШТИНИ ЗА АКТИВНО БАРАЊЕ РАБОТА-РОМАКТЕД ПРОГРАМА

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

Сите дополнителни прашања и информации можете да ги добиете во архивата на Општина Кичево секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Back to top