План за вклучување на засегнатите страни ФЕ Осломеј 2
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја разгледува можноста за обезбедување финансиски средства на Јавното претпријатие за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, АД Скопје (“ЕСМ” или “Проектот”) од Република Северна Македонија за финансирање на изградба на втора фотоволтаичнa електрана (ФВЕ) од 10 MW (Проектот или Осломеј 2) на просторите на постојната Термоелектрана Осломеј, веднаш до ФВЕ во развој ФЕ Осломеј-1, во општина Кичево, Република Северна Македонија.
Со оглед на обемот и природата на Проектот, во рамките на нејзината Политика за животна средина и социјални аспекти за 2019, ЕБОР проектот го категоризира како Проект од Б Категорија. Овој План за вклучување на заинтересираните страни (ПВЗС) ги опишува активностите што се преземаат во фаза на планирање на Проектот, градежната и оперативната фаза на истиот. Овој документ е подготвен заедно со Не-техничкото Резиме (НТР) на Оцената на влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) и Акциониот план за животната средина и социјалните аспекти (АПЖССА) подготвени за потребите на овој Проект.
За повеќе информации кликнете на линкот: