Јавна објава на Контролна Листа на ПУЖССА – Реконструкција и адаптација на ул. Рудничка
Известување за достапност на документ
Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот
„Реконструкција и адаптација на локална улица „Рудничка“ во Општина Кичево“
во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кичево аплицираше со проект за „Реконструкција и адаптација на локална улица „Рудничка“ во Општина Кичево“.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 18.06.2024 година официјалните веб страници на:
- Општина Кичево: https://kicevo.gov.mk
- ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или
- МТВ: http://mtc.gov.mk/
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.