Соопштение
Во рамки на акцијата “Oбезбедување бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми преку намалување на последиците по нивното здравје како резултат на КОВИД-19” финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, Општина Кичево во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Кичево ќе спроведе бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми на следните локации и датуми:
- Ул. Партизански Одреди (кај пошта) на ден 02.10.2023 год. и 03.10.2023 год. во период од 08:00 до 16:00
- Ул. Маршал Тито (Бела Кула) на ден 04.10.2023 год. во период од 08:00 до 16:00
- Ул. Прилепска на ден 05.10.2023 год. и 06.10.2023 год. во период од 08:00 до 16:00