Предлог за одобрување планска програма за измена на УП
Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20), член 44, став 5, Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Кичево, со Решение бр. 09-229/1 од 29.01.2021 година, ви доставува Предлог за одобрување на планската програма за изработка измена и дополна на ДУП за населба “КУТЛАБИЦА-2“ УЕ “Г“, Блок “Г9“– дел, Општина Кичево.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Кичево со Решение бр. 09-229/1 од 29.01.2021 година, по разгледување на документација на планската програма за измена и дополна на ДУП за населба “КУТЛАБИЦА-2“ УЕ “Г“, Блок “Г9“ – дел, Општина Кичево, констатира дека Барањето за одобрување може да се одобри.
Во прилог на ова барање доставуваме
– Предлог планска програма
Со Почит,
Стручна комисија по урбаниситички планови:
- Вјолца Абази
- Фисник Фејза
- Сабедин Емини
- Лепосава Бајдеска
- Фекри Садику