Општина Кичево успешно го заврши процесот на доделување 50 стипендии за студенти
Општина Кичево успешно го заврши процесот на доделување 50 стипендии за студенти, поделени во две категории:
- 25 стипендии за одлични студенти (врз основа на покажаниот успех)
- 25 стипендии за студенти од социјална категорија
Вреди да се напомене дека од вкупно 97 пријавени, 50 студенти ја добија стипендијата и ќе бидат финансирани во текот на 8 месеци студии, поточно во учебната 2022/23 година.
Градоначалникот на општина Кичево им посакува успех на сите кои ги исполниле условите и го добиле правото на Стипендијата и воедно ги охрабрува сите ученици да имаат најдобри можни резултати.