Денес, централното училиште на градот беше во посета на Општина Кичево
Учениците, во присуство на наставниците и училишниот тим, во пресрет на новогодишните празници ја посетија Општина Кичево, каде одблиску беа информирани за работата и институционалната релевантност на општината како институција.
Градоначалникот Фатмир Дехари, им се заблагодари на раководството и кадарот на наставниците за работата и посветеноста што ја прават во подигнувањето на образовното ниво во ова училиште и воедно ги охрабрува и мотивира дека во иднина овие деца ќе бидат носители и предводници на институциите во земјата.