Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за сите правни лица кои имаат седиште на фирма или подружница на територијата на Општина Кичево

Врз основа на Законот за комунални такси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 64/05, 92/07, 123/12, 154/15, 192/15,23/2016, 151/2021 и 151/2022), додека согласно Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15), градоначалникот на Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За сите правни лица кои имаат седиште на фирма или подружница на територијата на Општина Кичево, односно се обврзници на Комунална такса, се информират да ги преземат следните чекори:

  1. Фирми кои имаат седиште или подружница на територијата на Општина Кичево, а за кои не е извершена уредна достава за 2024 а соглсно член 77 до 86 од Законот за општа управна постапка должни се да извршат подигнување на Решението за КТ, односно назив на деловни простории за 2024 година, во просториите на Општина Кичево.
  2. Обврските согласно Решението за КТ, односно назив на деловни простории, должни сте да ги подмирите обврските што се предвидени со истото.

Обврските може да ги уплатите на следните уплатници:

ПримачСметка на трезорот 
Банка на примачотНародна Банка на РМ
Сметка 100000000063095
Пед.брДаночен видСметка на уплатаПриходна шифра
1.За назив на деловни простории840-134-03210717112
2.За деловни единици840-134-03210717112

Овој повик, стапува на сила со денот на објавувањето, а се смета дека странката е запозната на писмено за правната работа. За негативните последици (принудна исплата, казнување со парични средства, дополнителни трошоци и друго), кои евентуално можат да настанат, ги сноси самата странка.

Доколку сте извршиле уплата, а сеуште не е евидентирана, или треба да следува нејзина нивелизација над обврската за комунална такса, ве замолуваме да се обратите во Општина Кичево, Одделение за данок и комунални такси, канцеларија бр.50 за да доставите доказ за извршената уплата, или контактирајте не на следната адреса:

Ул ,,Борис Кидрич,, бр.2 – Кичево
Е-mail: kercova2013@yahoo.com

Back to top