Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за правни лица

Врз основа на чл.53 и 54 од Законот за Данок на имот („Сл. на РМ„ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012 ,188/13,154/2015, 192/15, 23/16, 96/19,151/21,153/2023) ,согласно одредбите во законот за Комунални такси и врз основа на чл.84 и 86 од Закон за општа управна постапка („Сл. на РМ„ бр, 124/15), Градоначалникот на oпштина Кичево објавува:

Јавен повик за правни лица

Општина Кичево има доставено ОПОМЕНИ за неплаќање на комунална такса(фирмарина) за правните лица, каде што се опоменуваат сите правни лица кои поседуваат фирми на територијата на Општина Кичево, кои што според Законот за комунална такса се обврзници, должни се да платат комунална такса.

Се повикуваат сите субјекти кои што ја немаат примено Опомената доставена од Општина Кичево, да се јават во канцеларијата за управување со даноци и комунални такси да ги примат истите (подигнат) и да продолжат со плаќање на даночните обврски. Списокот на правните лица, обврзници кои што немаат примено Опомена за неплаќање на комунална такса, е објавен на веб страната на Општина Кичево.

 Обврските можат да ги подмират со следната Уплатница:

ПримателТрезорска сметка 
Банка на примачотНародна Банка на РМ
Сметка100000000063095
Ред.бр.Вид на данокСметка на уплатаШифра на приходи
1.Комунална такса (фирмарина)840-134-03210717112

Овој јавен повик се врши преку дневен печат кој се дистрибуира на територијата на целата држава, на веб страната на Општина Кичево, како и на Огласната табла, со што се смета дека странките се уредно известени, па негативните последици (присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци и сл.) кои евентуално може да настанат, должна е да ги сноси самата странка.

Доколку сте извршиле уплата која не е евидентирана, или е потребна нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, Оделение за данок и комунална такса, канцеларија бр.50 и 46 и да доставите докази за извршената уплата, или да не контактирате на следната е-маил адреса: kercova2013@yahoo.com

Back to top