Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за аплицирање на правни субјекти за реализирање на ваучери

Врз основа на правилник со бр. 03-2065/1 од 14.08.2024 за реализација на Ваучери за ученици од прво одделение, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на правни субјекти за реализирање на ваучери

Изборот на правни субјекти за реализирање на ваучери наменети за купување на училишен прибор за ученици од прво одделение, ќе се врши врз основа на критериуми дадени во овој повик.

  1. Основен критериум
    Правни субјекти кои се занимаваат со книжарство, на територијата на Општина Кичево.
  2. Предвидени средства
    Износот на средства за оваа намена согласно проектот се предвидени 400.000,00 денари, кои ќе бидат реализирани со ваучери.
  3. Намена на ваучерите
    Ваучерите ќе бидат искористени за надоместок на трошоците за училишен прибор, за првачиња.
  4. Потребна документација
    – Барање за пријавување на интерес за реализација на ваучери;
    – Решение од централен регистар за регистрирана дејност согласно јавниот повик.
  5. Рок и начин на поднесување на Барањата
    Рокот за поднесување на Барањата е 20.08.2024.
    Барањата со потребната документација се доставува до Архивата на Општина Кичево, ул. Борис Кидрич бр.2 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Барањата можат да се подигнат од Архивата на Општина Кичево или од WEB страната на Општина Кичево.

Напомена: Барањата со непотполна документација по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Back to top