Успешно се спроведе проектот “Write on”
Подржан од Општина Кичево, успешно се спроведе проектот “Write on” на мировниот корпус, наменет за ученици од 6-то одделение до четврта година средно. Над 60 ученици пишуваа на различни теми на англиски јазик.
Овој проект наиде на навистина голема заинтересираност кај помладите, што ни покажува дека секој нов проект е добредојден и ние секој од нив ќе се потрудиме успешно да го реализираме.