Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со целиот дипломатски караван организиран од Бирото за регионален развој и Министерството за надворешни работи

Со иницијатива и организација на Бирото за регионален развој и Министерството за надворешни работи, денеска во општина Кичево слета целиот дипломатски караван лоциран во Република Северна Македонија.

Присутните беа примени од градоначалникот Фатмир Дехари, при што одблиску ги информираше за можностите и просторот што Слободната технолошка развојна зона ги поседува и нуди во нашиот град.

Градоначалникот ги информираше за геостратешката положба и површините лоцирани на тој простор, односно за двете слободни зони кои опфаќаат површина до 20 хектари земјиште, поделени на вкупно 7 блока.

На средбата беа презентирани и промовирани економските потенцијали на локалните компании како и можностите за инвестирање на регионите да придонесат за регионалниот развој.

Back to top