Средба со началникот на градската полиција Хамдин Емини и командирот Игор Маркоски
На средбата со началникот на градската полиција Хамдин Емини и командирот Игор Маркоски, разговаравме за можноста за зголемување на полициските капацитети на сите нивоа за време на новогодишните празници.
– Одржување ред и јавен мир, зголемување на грижата и безбедноста на младите при посета на кафетерии,
– Зголемување на грижата кон граѓаните и јавниот имот, да не се користат пиротехнички средства, петарди и слично.
– Сообраќајна свест во сите патни сегменти, да се почитуваат сообраќајните знаци, возачите на автомобилите внимателно да управуваат со возилата, да не ја надминуваат брзината мерена со радар.
– Полициските службеници во текот на извршувањето на работните задачи ќе вршат редовни контроли и прекршителите ќе бидат казнети согласно законските прописи. Ќе се врши контрола на употреба на наркотични супстанции, алкохол, како и пиротехнички средства (огномет и слично).
– Административните служби ќе работат со зголемен капацитет со цел издавање документи навреме и без чекање во долги редици.
На крајот, разговаравме и за анонимните појави на лажни бомби во образовните институции.
Моменталната состојба е под контрола и нема простор за паника.