Средба со директорот за развој на Светска банка г. Самех Вахба
Денеска во општина Кичево на посета го имавме директорот за развој на Светска банка за (Регион на Европа и Централна Азија), г. Самех Вахба и неговиот придружен персонал.
На средбата се разговараше за многу важни теми, почнувајќи од светската криза, економските пречки и предизвиците кои не очекуваат во иднина.
Главна тема на оваа средба беше зајакнувањето на одржливите односи и развојот на капацитетите за да се има што е можно почиста животна средина.
Вреди да се истакне фактот дека општина Кичево е една од трите општини избрани да имаат техничка помош при составувањето на плановите за квалитетот на воздухот што ќе ги спроведува Министерството за животна средина.
Градоначалникот Фатмир Дехари, им се заблагодари на делегацијата на Светска банка за работата и интересот што го покажаа и заеднички да реализираме вакви проекти за да имаме почиста животна средина во нашето општество.