Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Идеја за проект парк на ветерна енергија „Кичево 35MW“

Денеска во просториите на Општина Кичево во посета имавме претставници на енергетската компанија „ГУРИС“ од Република Турција, помошник генерален директор на компанијата Г-дин Ибрахим Анамериќ, регионален менаџер за Балканот, Толга Калкан, и сопственикот на компанијата US ENERGI. d.o.o со претставништво во Гњилане, Косово, г. Саит Вокши.

Присутните најпрвo зборуваа за ситуациите кои се појавуваат во последно време со недостаток на енергија ширум светот и важноста на енергетскиот систем за иднината.

Посебен интерес гостите покажаа за нашата општина како една од најстратешките општини за примена на енергијата од ветер, а во иднина се очекува оваа соработка да се реализира во конкретни идеи како една од најиновативните и најсовремените инвестиции во регионот на Западен Балкан. .

Компанијата ГУРИС на овие простори е присутна речиси 6 години, а проектот од ваков карактер успешно се реализира во Гњилане со моќност од 32,4 Mw.

Менаџерот за Балканот г. Толга, нагласи дека компанијата ГУРИС, има 64 години постоење со вкупно 6 Фабрики, од кои 3 се за железо, 2 се леарници и 1 за производство на висококвалитетен челик!

Во овој контекст, тие покажаа интерес за инвестирање во Северна Македонија, каде како посоодветно и поатрактивно место за развој на оваа инвестиција Паркот на ветерна енергија „КИЧЕВО 35MW“ да биде во општина Кичево.

Градоначалникот Фатмир Дехари им се заблагодари на присутните за присуството и интересот што го покажаа претставниците на компанијата ГУРИС, и со ентузијазам ја прифати оваа иницијатива за инвестирање на Ветерната енергија во нашата општина, каде што покажа подготвеност и се погрижи дека со сите капацитети на општинската администрација да овозможи реализацијата на овој проект идеја во општина Кичево како една од првите инвестиции од оваа сфера во Северна Македонија.

Back to top