Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на министерот за здравство Беким Сали

Денес го пречекав министерот за здравство Беким Сали, каде што дискутиравме на повеќе теми, а особено за развој на работитите во болницата во Кичево, како една од главните грижи за нас и за нашите граѓани.

Ние, исто така го посетивме болничкиот објект во изградба и се информиравме за проблемите кои треба да се решат.

Големата желба на министерот ме охрабри со надеж дека овој важен објект на нашиот град ќе добие конечно решение.

Од моја страна, јас му дадов поддршка, знаејќи дека ова е надвор од нашата надлежност како општина, само да се стави овој објект во употреба.

Back to top